Модна вечер: Презентации на добитниците на модниот конкурс на ИИ за мода “Изет Цури”

Сподели

 

Модна вечер – Презентации на добитниците на модниот конкурс на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“

Вторник 19.11. 2019, 18 часот, Француски институт во Скопје

 

 

“Што може да е поинспиративно за млади модни ентузијасти од директен допир со колевката на модата Париз?”

Со таква мотивирачка цел Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во рамките на своите студии секоја година ги наградува своите најдобри студенти со посета на градот Париз, преку „Саемот за мода“, музеи и други институции.

Идејата за непосреден увид  во изворот на модата е дел од планираниот едукативен процес на институтот.

Како плод на постојаната успешна соработка, како и секоја година, престојот на овогодинешните наградени студенти: Мусли Каралити, Меланија Николоска, и Марина Карчевска е подржан од  „Францускиот иститут“ во Скопје.

На 19. ноември токму излогот на Институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти ќе ги изложат наградените дизајни, а просторот домаќин каде тие пред присутните ќе ги споделат своите впечатоци, импресии и инспирации.

Време е за млади таленти!