“Поткозјачки литературни средби ” 2019: 500 години постоење на Куманово

Сподели

 

“Денес, на 16.ноемврисо почеток од 19 часот, во Занатски дом, Куманово, во рамките на “Ноемвриски денови” и во чест на 11.ноември, Ден на ослободување на Куманово, како и јубилејот  500 години постоење на Кумановово Куманово се одржуваат по вторпат “Поткозјачки литературни средби” 2019.

Учествуваат/настапуваат поетите/писателите Ирена Белешковска, Оливера Доцевска , Емилија Колевска , Ана Љубиќ , Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски , Кристина Николова, Мишел Павловски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумовавечерта ќе ја збогатат со музика и сценски настап Дарко Трајковски  на гитара и младите актери Мики Јаневски и Симона Атанасовска , кои ќе изведат дел од пиесата во стихови – (на рок музичка тема – Love of my love (Queen), настанот ќе го овековечи со фотографија младиот талент Миња Стаменковска,  а низ настанот ќе ги води гостите и учесниците – Наташа Крушиќ Лазаревска.

Поткозјачките литературни средби 2019 се организирани од страна на Јустиција – Куманово и Центарот за култура и културолошки студии – Скопје, под покровителство на  Градоначалник и Општина Куманово, и во соработката со  ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” Куманово,  Секторот за култура и спорт  при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.”