Советот на јавни обвинители нема да води никаква постапка за Рускоска

Сподели

 

Советот на ЈО денска доби писмо од обвинителката Вилма Русковска која во детали ја опишала ситуацијата и мотивот да им испрати на апелациските судии смс порака во која им најавува дека ќе “ги истресе од гаки” со финансиска истрага што ја пуштиле Катица Јанева од Шутка во домашен притвор.

Судиите испратиле допис до државниот обвинител Јовески, кој изјави дека постапка за Русковска не е отворена.

-“Во овој момент не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност на јавниот обивнител, но ќе почекаме да видиме што ќе заклучи советот на јавни обвинители. Останувам на официјалниот став на обвинителството”, – изјави Јовески.

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски изјави дека тие како Совет не може да утврдуваат одговорност.

– “Ние немаме законски надлежности да преземаме конкретни мерки за утврдување на одговорност. Имавме известување од апелациските судии и сме должни да го разгледаме секој допис и на крајот носиме заклучок. Покренувањето на било каква постапка за евентуална одговорност го прави јавниот обвинител на Република Македонија и тој прави проценка. Во таква ситуација Советот на обвинители е второстепен орган и тука може да одлучува по евентуална жалба “- изјави претседателот на Советот Ацо Колевски.