Јункер: Грција е на вистинскиот пат за излез од кризата

Сподели

junker-860x680

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Атина оцени дека Грција е на вистинскиот пат за излез од економската криза и оти мора да ја реализира програмата за реформи за која постигна согласност со своите кредитори.

– Грција е на вистинскиот пат, резултатите се охрабрувачки – изјави Јункер на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

На средбата, исто така, се разговарало и за бегалската криза и за бегалците. Јункер рече дека му се восхитува на грчкиот народ за начинот на кој се справува со мигрантската криза.

– Надворешните набљудувачи не може да го знаат, ниту да го замислат товарот што го носите на вашите рамена… Затоа, никој не треба да потценува. Барам да се почитува достоинството на Грците – рече Јункер.

Јункер: Грција е на вистинскиот пат за излез од кризата