Сирија: Руски авиони го бомбардираа Алепо со фосфорни бомби

Сподели

Нема информации за евентуални човечки жртви или повредени од нападите на руските авиони

thumbs_b_c_16cf892786ec60bfbc95356aa9732b28

АЛЕПО (АА) – Руски воени авиони ги бомбардираа северните делови од градот Алепо во Сирија при што се користеле фосфорни бомби, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од локални извори, руските авиони извршиле напади со фосфорни места врз населени места во Анадан и Хрејтан, како и во појасите Кефир Хамра, Мараат Артик, Бабис и Јакид, области кои се под контрола на опозицијата.

Руските авиони извршиле напад и на линиите на фронтот во областа Мелах, во северниот дел од градот, додека пак во бомбардираните места во Анадан, Хрејтан и Кефир Хамра избил пожар, стои наведено во информациите.

Нема информации за евентуални човечки жртви или повредени од нападите на руските авиони.

Руските авиони во текот на изминатите месец дена остварија низа воздушни напади врз населени места под контрола на опозицијата користејќи фосфорни, вакумски и касетни бомби, при што мета на нападите беа училиште во ценарот на градот, цивилно-одбранбени центри, чаршија и пазар.

Мета на напади на руските авиони на северот од Алепо претставува единствената излезна точка за опозицијата, Кастило, додека пак областа Хан Туман со околните села вклучувајќи ја и провинцијата Идлиб, се регионите под опозициска контрола во јужниот дел, кои се исто така често бомбардирани од страна на руската армија.

AA.COM.TR