Во Албанија регистрирани 524 потреси

Сподели

 

Од вчерашниот силен земјотрес што ја погоди Албанија, досега се регистрирани 524 земјотреси во областа, според одделот за сеизмологија при Институтот за наука во Тирана, – пренесува МИА.

Четири регистрирани земјотреси имаа јачина поголема од 4,5 степени по Рихтеровата скала, вклучувајќи го и оној со разурнувачка јачина од 6,3 степени, евидентиран вчера во 03.55 часот.

Во меѓувреме, дури седум потреси биле со интензитет од 4 до 4,5 степени, околу 17 меѓу 3,5 и 3,9 степени, додека другите биле послаби.

Најновиот земјотрес беше утрово со јачина од 3,4 степени, со епицентарот во Јадранското Море, пренесува АТА.