Етничките Македонци во соседна Албанија, меѓу првите се организираа во собирањето материјална и финасиска помош, за настраданите од разурнувачкиот земјотрес, од понеделникот, во Драч и Туман.
Најмасивно и најорганизирано е во средините каде има поголема концентрација етнички Македонци, како Голо Брдо и Пустец. Во собирањето помош, се вклучија сите 9 села од областа Мала Преспа.
Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на единствената општина на македонското етничко малцинство – Пустец, Поли Колефски, како и единствената политичка асоцијација на етничките Македонци – Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ).
Претседателот на партијата, едновремено и единствен народен претставник Македонец, во албанскиот парламент, Васил Стерјоски, информираше дека викендов во Охрид, ќе заседава Централниот комитет на партијата, кој треба да избере генерален секретар и други органи.
Седницата ќе биде искористена за договор, околу натамошното спроведување на собирната акција на производи и финасиски средства за настраданите од земјотресот.
Во акцијата за собирање помош, активно се вклучени и верниците од Мала Преспа, преку тамошната православна црква.
Веле Митановски