МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од 9 до 21 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во сабота на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите во следните денови.