Манчевски: Враќањето на амнестијата на Иванов ги потврдува заложбите на структури на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот

Сподели

 

 

“Создадовме услови системот да функционира, а показател за тоа е дека за кого било и да се работи, денес се спроведуваат истраги и лицата се изведуваат пред лицата на правдата, односно се спроведуваат судски постапки, а што се случува во судовите тоа е друга тема, што е недозволиво”, посочи потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во гостување на ТВ24.

“Во врска со новиот момент кој излезе во Уставниот суд, во однос на можноста на оживување на амнестијата која ја даде Иванов за делата кои произлегоа од нелегалното прислушуваните разговори, Манчевски посочи дека  со тоа всушност  се оспорува  уставноста на измените на Законот за помилување со кој се поништија  помилувањата кои што ги даде Иванов и не смее да се дозволи тоа да се случи.

На овој начин точно се потврдуваат заложбите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот, истакна Манчевски, додавајќи дека СДСМ ќе стори се, граѓаните бараат правда и правда мора да има, секој да одговара.

Основното јавно обвинителство, што порано беше незамисливо денеска води истраги против специјална јавна обвинителка и било кој функционер за кои има било какви информации по допрен глас, за незаконско работење посочи Манчевски искажувајќи резерва за работењето и функционирањето на судството, поради лошото искуство со застарување на случаи, дозволување на бегање на осудени лица од пред лицето на правдата како што е случајот со Груевски, одложување на судски рочишта и слични ситуации.

Време е да се направи еден национален консензус, преку отвореност во системот, неопходна е и реформа, ветинг во судовите, за проблемите од ваков тип веќе да ги немаме во државата”, истакна Манчевски на гостувањето во ТВ 24.