Светна новогодишната елка во Скопје

Сподели

 

Светна елката на плоштадот „Македонија“ и отвораен е новогодишниот базар „Винтерленд“, со кој симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божиќни песни.

 

 

– Имавме спектакуларно светнување на новогодишната елка, што за првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, Ве повикувам да го посетите Винтерленд и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На Скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања – изјави Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.

 

 

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

 

 

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

Градот Скопје ги поканува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.