Нов земјотрес во Албанија – нема повредени лица

Сподели

 

Нов земјотрес со јачина од 4,2 степени e регистриран во Албанија, а потресот се почувствувал и во Црна Гора, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Земјотресот бил со епицентар 18 километри јужно од Медова, на длабочина од 8 километри.

Нема информации за повредени лица.