МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ: Југословенски експерименти

Сподели

 

Jугословенски експеримент(и), 17 – 18. декември, МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ

Специјалната програма Југословенски експеримент(и), посветена на Југословенската филмска авангарда од 60-тите до 80-тите години, ќе биде претставена во два програмски блокови, во Музејот на современата уметност – Скопје.

За прв пат како ретроспективен програм во Скопје, Југословенски експеримент(и) ќе прикаже своевиден омаж на експериментаторите на Југославија, со фокус на авторите и авторките активни во Кино клубот Сплит- еден од центрите на Југословенскиот експериментален филм.
Преку дел од творештвото означено како аматерски експериментален филм, во два програмски блокови ќе бидат претставени 11 филмови, од најзначајните авангардни автори и авторки од Хрватска, како Иван Мартинац, Вјекослав Накиќ, Дуња Иванишевиќ, Анте Верзоти, итн.
Во придружната програма, покрај разговорот со – Сунчица Фраделиќ, директорката на Кино Клуб Сплит и кураторката на филмската селекција, ќе биде организиран и разговор под наслов „Југословенска авангарда: партизани, уметници од општа пракса, револуционери и контра-револуционери“ со Тања Врвило, една од водечките филмски критичарки и теоретичарки од Загреб, Хрватска.

Југословенски експеримент(и) се реализира во соработка со Кино Клуб Сплит, Хрватска. Учеснички на дискурзивниот дел на програмата се Сунчица Фраделиќ и Тања Врвило. Кураторка на програмата за МСУ-Скопје е Кумјана Новакова.

Програма
17 декември 2019 / 18. часот
Отворање на Југословенски експеримент(и)

Монолог за Сплит
Иван Мартинац, Југославија, 1962, 7’

По потопот
Вјекослав Накиќ, Југославија, 1967, 8’ 8’’

Твист-твист
Анте Верзоти, Југославија, 1962, 3’

Кафе Манон
Ранко Курсар, Југославија, 1967, 9’12’’

Жемска
Дуња Иванишевиќ, Југославија, 1968, 6’12’’

Разговор со Сунчица Фраделиќ, Кино Клуб Сплит

18 декември 2019 / 18 часот
Ретроспектива на Анте Верзоти.

Објектив
Југославија, 1966, 7’10’’

Пет
Југославија, 1965, 8’ 30’’

Денес…?
Југославија, 1965, 7’

Твист-твист
Југославија, 1962, 3’

Џубокс
Југославија, 1966, 6’40’’

Флуоресценции
Југославија, 1967, 4’30’’

Разговор со Тања Врвило и Сунчица Фраделиќ

Југословенска авангарда: партизани, уметници од општа пракса, револуционери и контра-револуционери