Јавна дискусија на Младите можат: Ќе те пратам кај психологот!

Сподели

 

На 19. декември во просториите на Млади хаб – канцеларија на Претседателот, на Рекорд во Скопје, со почеток од 19.00 часот ќе се одржи јавна дискусија: “Ќе те пратам кај психологот – Казна, закана или поддршка”, имплементирана од Здружение на граѓани Младите можат. 

Преку овој настан, Младите можат сака да поттикне дискусија за улогата на училишните психолози во негување на менталното здравје кај младите во образовниот процес.

Според податоците од истражувањето за менталното здравје кај среднишколците во Скопје, спроведено во април 2019година, 32,9% од средношколците од Скопје, го посетиле/биле пратени кај училишниот психолог заради недисциплинираност, а 15% заради голем број на изостаноци. 

“Дискусијата ќе ја базираме на три аспекти и перспективи и тоа од страна на училишен психолог, средношколец и младински работник. Гости панелисти на дискусијата се: Гордана Блажевска Спиридонова – психолог во Гимназија СУГС “Никола Карев”, Кристијан Ангелески – младински работник, дел од базата на ментори на Младите можат: Тамара Митевска – средношколец, врснички едукатор за ментално здравје на Младите можат

Резултатите од истражувањето, како и целата дискусија ќе бидат презентирани и водени од Анита Николовска – Извршен директор на Младите можат.

denesmagazin.mk