НОБ: “ОРЕВОКРШАЧКА” – Петар Илич Чајковски

Сподели

 

Национална опера и балет, “ОРЕВОКРШАЧКА” – Петар Илич Чајковски, 28декември

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Василиј Иванович Ваинонен (Русија)
Пренел кореографија: Михаил Крапивин (Русија)
Сценограф: Анатолиј Нежњи (Русија)
Костимограф: Љупка Ристовска
Концерт мајстор:
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска

Во главните улоги:
Клара: Мими Поп Алексова Атанасовска
Принц: Бобан Ковачевски
Розов валс-соло:
Мала Клара:

Настапуваат оркестарот, првенци, солисти и целиот балетски ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „ Илија Николовски Луј“

Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!

Синопсис
I чин
Дејството се одвива во старо германско гратче, на почетокот на минатиот век.
Вечер, приквечерие на Божиќ. Улицата е весела и празнична. Меѓу поканетите на празникот oколу елката присутен е и стариот мајстор на играчки, пријател на децата Дросермаер. Гостинската соба на семејството Шталбаум е украсена празнично. Се собираат гостите. Влегува и Дросермаер, кој со себе носи подароци. Се е подготвено за празникот. Влегуваат деца. Почнува играта криенка. Им се придружува и Дросермаер, му ги врзуваат очите и прв ја фаќа Клара, ќерката на Шталбаум. По играта почнуваат танците. Се појавува Дросермаер во костим на магионичар. Ги покажува своите магии и изведува куклена претстава. Кралот на глувците сака да ја украде принцезата, но храбриот Оревокршач го убива кралот на глувците. Дросермаер неуморно измислува други игри. Тој им ја покажува на децата куклата – Мавар на навивање. На Клара најмногу и се допаѓа Оревокршачот. Франц и го одзема на Клара Оревокршачот, но во неговите раце останува само откачената глава на куклата. Дросермаер бргу ја поправа куклата. Клара го гали и го смирува навреденото љубимче. Доцна е, гостите си заминуваат. Балот завршува со танци. Клара се збогува со Оревокршачот, се гасат светилките на елката. Дадилката ја води Клара на спиење. Таа сонува сон како глувците ја окупираат гостинската соба, на чело со нивниот крал. Оревокршачот ги предводи оловните војничиња и напаѓа. Клара оди по него, го пребродува стравот, решително го фрла чевличето кон кралот на глувците и така го спасува Оревокршачот. Кралот на глувците е поразен и со својата војска исчезнува. Дросермаер ја претвора Клара во прекрасна девојка, а Оревокршачот во прекрасно момче. Почнува патешествието во земјата на бајките. Паѓа снег…
II чин
Клара и Оревокршачот се наоѓаат на волшебниот остров. Почнува празникот. Клара и Оревокршачот се среќни. Танцуваат заедно со сите. Се ближи утрото. Волшебниот сон завршува, Клара се буди.