Претседателот Стево Пендаровски ја посети Македонската академија на науките и уметностите. На средбата со актуелното и новоизбраното раководство на МАНУ беа разменети информации и мислења за актуелните активности на академијата, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во државата, како и плановите за идните активности по стапувањето на функција на новото раководство од 1 јануари 2020 година.
Претседателот Пендаровски беше информиран за тековната реализација на национални и меѓународни проекти од страна на академијата, како и меѓународната соработка со други академии. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката меѓу Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и МАНУ.
На средбата стана збор за усвоената Повелба за македонскиот јазик од страна на Собранието на МАНУ, на седницата одржана на 3 декември. Според претседателот Пендаровски, постоењето на македонскиот јазик е факт и беспредметни се сите обиди за негово негирање, ревизии и толкувања надвор од научната сфера.
denesmagazin.mk