ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, веднаш!

Сподели

 

 

 

 

Поради енормното аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

  • Интензивни инспекциски контроли на индустриските капацитети, од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
  • Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
  • Стопирање на сите градежни активности во градските средини
  • Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
  • Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
  • Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
  • Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената
  • Ослободување од работа на бремените жени и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни болести

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво и медијапан, да користат јавен градски транспорт или да споделуваат превоз-повеќе патници во еден автомобил – се наведува во денешното соопштение на ДОМ.

 

denesmagazin.mk