Оваа година нема доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”

Сподели

 

Државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството, оваа година нема да се додели, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број на гласови –  информира Министерството за култура.

 

 

 

 

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди на седницата одржана на 26.11.2019 година донесе одлука државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.

„Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ за 2019 година.Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија”, се вели во соопштението.

Мито Хаџивасилев Јасмин претставува државна награда, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.

 

denesmagazin.mk