ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде ветровито и врнежливо, проследено со магла во котлините, која псотепено ќе се намалува. Ќе има и услови за повремен локален дожд во западните предели, како и услови за провејување на снег на високите планини.

Максималната температура од 15 степени ќе биде во Гевгелија, во Штип 12, Битола 11, Скопје и Охрид 10 степени.

За време на викендот под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер.

Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови каде ќе бидат пообилни.

Во недела врнежи ќе има насекаде, локално пообилни, а некаде ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува силен јужен ветер со брзина над 70 километри на час во форма на невреме.