Во чест на Блаже Конески – поетско читање „Јазикот е нашата татковина“

Сподели

 

Во чест на Блаже Конески, денес во Друштвото на писателите на Македонија од 19 часот ќе се одржи поетско читање насловено „Јазикот е нашата татковина“.

Песни од Конески и свои песни ќе читаат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.

Во Прилеп и Небрегово, родното место на Конески, вчера беа одбележани 98 години од неговото раѓање (19 декември 1921). Блаже Конески е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик и книжевник – поет, прозаист, есеист, по кого е именуван и Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет.