Нуркачите на Нуркачкиот центар “Амфора” и Клубот за подводни активности “Охрид” годинава по 17 -ти пат ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските – Градиште.
На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.
Со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своедвидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода – изјави Јован Секулоски, претседател на Амфора.
Благодарност до моите сограгани за несебчната поддршка која ми ја даваат годиниве .Мојата желба е повеке слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ке се унапредат политиките за грижа на овој тип на пациенти – изјава Лолеска Гордана граѓански активист и член на здружението на грагани со ретки болести “Живот со предизвици”.
denesmagazin.mk