ДОМ им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани

Сподели

 

Зелената партија ДОМ им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани во Македонија, со желби за многу здравје, среќа и успеси.

Следната година како полноправна триесетта членка на НАТО, да ги  започнеме пристапните преговори со Европската Унија и да продолжиме да ги развиваме европските демократски вредности во нашето општество. Нека 2020 биде година на бескомпромисна борба со корупцијата и обезбедување владеење на правото, социјална правда и еднакви можности за сите.
Да ги поставиме заштитата на животната средина и итната климатска акција како врвен приоритет и да обезбедиме зелена иднина за сегашните и идните генерации.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА! – ДОМ