БОГОЕВ: Среќна Нова 2020 година! Карпош е ДОМ на сите генерации

Сподели

 

“Среќна Нова 2020 година! Ви посакуваме добро здравје, среќа, љубов, успеси и прекрасни моменти поминати со Вашите најблиски.

Во Новата, 2020 година, продолжуваме со интензивни активности за рамномерен и плански развој на нашиот Карпош.

Во изминатата година покажавме дека нема друга алтернатива освен заштитата на животната средина и хуманизација на јавниот простор. Продолжуваме на тој пат.
Во годината што ни претстои ќе заврши изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, а конечно ќе започнеме со ревитализација и на култната сала „Партизан“.
Станува збор за јавни површини кои трајно ги заштитивме и ќе бидат достапни за спортско – рекреативни активности на сите граѓани.

Новата година носи нови предизвици, желби и моменти за паметење.
Општина Карпош ќе продолжи да биде ваш партнер и поддржувач.
Ова е локална самоуправа која 365 дена е достапна и отворена за Вашите потреби, проблеми, сугестии и критики.
Карпош е ДОМ на сите генерации.

Имајте среќна Нова 2020 година! Среќни Новогодишни и Божиќни празници!” – порача градоначлникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.