Претседателот Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на Владата

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници.

Претседателот Пендаровски, го честиташе изборот на новиот владин состав, и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера.