На ВМРО ДПМНЕ не им пречи уставното име кога треба да станат дел од извршната власт

Сподели

 

“Вчерашниот избор на преодна влада на дело го покажа сето лицемерие и лажен патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски вчера покажаа дека немаат проблем со уставното име кога треба да станат дел од извршната власт, но им пречи кога државата треба да оди напред, им пречи кога треба да се усвои Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО.

Кандидатите за министри во преодната влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем дасе потпишат и дадат изјава како министри на Република Северна Македонија, изјавувајќи дека ќе го почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Го признаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого велеа дека не го признаваат.

Вчерашната седница е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за гола власт играјќи на лажен патриотизам и дволичност.

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ го дели народот и ги навредува своите сограѓани што го користат уставното име. Освен ситно профитерство и политиканство, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никакви вредности и ставови.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе загубат. Затоа СДСМ и граѓаните ќе победат и ќе потврдат дека сме на прав пат. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја заслужуваат поддршката на граѓаните и ќе доживеат нов изборен пораз” – се наведува во соопштението на СДСМ.