Кривичниот суд го прифати обвинението за настаните од собранието на 27. април

Сподели

 

Кривичниот суд го прифати обвинението за настаните од собранието на 27 април 2017 година.

“Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.

По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани” – се наведува во денешното соопштение на Основен кривичен суд – Скопје.