На четвртата редовна седница донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 година), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.
Владата останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години.
Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.
Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.