ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот за отпис на камати на долгови

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги блокира сите проекти и сите законски решенија што се во интерес на граѓаните.

Пратениците од оваа партија очигледно се против отписот на каматите и долговите што граѓаните ги имаат.

Денеска, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска без никакво образложение ја прекина седницата на која што требаше да дискутираме за Предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија.

Овие законски решенија ќе им помогнат на граѓаните да се ослободат од долговите и каматите за тие долгови и ќе овозможат подобрување на нивниот животен стандард.

Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокираат сите проекти кои значат рехабилитација на институциите, а се единствено во интерес на граѓаните.

Наспроти долгогодишното деструктивно раководење со институциите и таложење на долгови од страна на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како одговорна партија,  работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

И овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

Затоа, ја повикуваме Кузмановска и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги блокираат овие закони, да ги повлечат илјадниците амандмани и да ја деблокираат работата на Комисијата за финансирање и буџет.

Но и без разлика на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава, со нив или без нив ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ – се наведува во соопштението на СДСМ.