Работните групи на нова средба за Законот за ЈО

Сподели

 

Работните групи на политичките партии денеска повторно ќе се сретнат за да се обидат да ги надминат разликите околу Законот за Јавно обвинителство.

Во саботата до 12 часот беше рокот партиите да достават амандмани, при што некои од пратенички групи доставиле, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со дијалогот „Жан Моне“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека Законот нема да се најде на собраниска седница се додека нема договор помеѓу партиите.