Собранието на РС Македонија го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани.
Каматите на сите предмети кои се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година, од страна на јавни и државни претпријатија, или државни органи, установи – се бришат.
Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.
Во однос на репрограмирањето со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.