“Собранието со 80 пратеници покажа дека е за силна правна држава, за владеење на правото и за одговорност за сите.
Собранието со 80 пратенички гласа покажа дека е за европска иднина на нашата држава.
За нас е од огромно значање што само 6 пратеници се изјаснија против гласаа против законот за ЈО.
Недвосмислено покажавме дека сакаме правна држава и дека ги почитуваме законите на Република Северна Македонија.
Законот за јавно обвинителство којшто Собранието денеска го усвои гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.
Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и приближувањето до ЕУ.
Денеска ќе гласаме и за распуштање на Собранието и на 12 април да одиме на предвремени парламентарни избори.
Ги почитуваме законите и го почитуваме она што е договорено. Тоа го покажавме и до сега. Иако до овој момент сеуште немаме предлог од ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика подготвени сме да дадеме шанса и да пружиме рака.
Оставаме простор и ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог и веднаш да гласаме за министер за труд и социјална политика,за да немаат никакво алиби за бегање од предвремени парламентарни избори” – изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .