Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

Сподели

 

За својата дипломатска умешност во решавањето на спорот околу името Македонија, бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со престижната Мировна награда на Вестфалија за оваа година.

 

 

“Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион” – изјави д-р Рајнхард Зинкан, претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе, објавувајќи ги добитниците на Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година.

 

 

Признанијата се дотирани со 100.000 евра кои се делат меѓу добитниците. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 19 септември во градот Минстер. За претходно е планирано одржување на дводневен Минстерски самит на тема мир и одржливост, на кој покрај носителите на признанијата ќе присуствува и Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика.

Наградата на Вестфалија за мир се доделува секои две години, почнувајќи од 1998 година. Таа е донирана од Економското здружение на Вестфалија и Липе, унија на повеќе претпријатија и Универзитетот во Минстер.