Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во Солун, учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.
На конференцијата, поканетите Министри за надворешни работи од регионот на Западен Балкан и од земји членки на ЕУ кои граничат со Регионот, како и претставници на ЕУ институции, ќе имаат можност да разменат мислења околу предизвиците и перспективите за унапредување на европската интеграција на Западниот Балкан.