Традиционална манифестација „Фестивал на зимата во Преспа“

Сподели

 

Манифестацијата „Фестивал на зимата во Преспа” традиционално се одржа во Пустец, Мала Преспа.На манифестацијата се презентираа природните убавини, културните и кулинарски вредности. Исто така на штандови беа претставени и виното,медот и другите произоди.

“Ние сме тука во Преспа за да дадеме поддршка за локалните манифестации.Со нивна реализација не само што се негува традицијата, туку се значаен придонес во развој на турзмот,во оваа преубава област.Тоа ќе услови поголем развој и економско зајакнување на општина Пустец, нови вработувања, подобар живот за сите”, рече албанскиот министер за животна средина, Бенди Кљоси.

„Фестивалот на зимата во Преспа” се одржува во рамки на проектот за промоција и заштита на биосферата на подрачјето на Преспа, што го спроведува албанската, со подршка на германската влада.