Пациентот на Инфективна клиника-Скопје негативен на корона вирусот

Сподели

 

Резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје се негативни на корона вирус, потврдија од министерство за здравство.

“Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус.”