ДИК: Усвоен е регистарот на медиуми за изборите

Сподели

 

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои регистарот на медиуми кои ќе имаат право на претставување на политички партии на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Комплетна документација доставиле 41 телевизија, 48 радија, 12 печатени медиуми и повеќе од 200 веб портали.

Регистарот ќе биде објавен на официјалната веб страница на ДИК, со претходно утврдените ценовници за искористување на буџетски финансиски средства за претстојните избори.