“СДСМ покажа дека има визија и дека знае да обезбеди стабилна, безбедна и просперитетна иднина. Изминативе три години донесовме тешки, паметни и храбри одлуки, со кои ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО.
Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот.
Тоа освен што значи безбедност и стабилност, носи и повеќе пари за граѓаните.
Само за една година, откако ја добивме поканата за членство во НАТО, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со оној од 2017 година.
Довербата во македонската економија е вратена, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.
Членството во НАТО за нашата земја отвора и други можности.
Веќе од оваа година се отвора пазар вреден 4 милијарди евра годишно за нашите компании. Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации стануваат достапни за сите македонски компании да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи.
Почитувани,
Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев го отворија и патот на Република Северна Македонија кон Европската унија.
Денес сме чекор поблиску до почеток на преговори со Унијата.
Последниот Извештај на Европската комисија потврдува дека сме на правиот пат. Нотиран е нашиот напредок во сите области: во правосудството, во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација.
Тоа го признаваат сите, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и уназадување, ние за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред.
До толку се против напредокот, што и Извештајот на Европската комисија Мицкоски го прогласи за лажни вести. Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, а што не е.
Затоа се осамени во матрицата на деструкција, блокади и изолација и затоа ќе изгубат на 12 април.
Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, докажавме дека со СДСМ НАТО и Европската унија се реалност.
Сега е важно да продолжиме напред, уште посилно и уште подобро, и на следните избори да избереме Парламент и потоа Влада кои стабилно ќе ја раководат државата кон сигурна иднина.
СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме” – Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.