Кривични пријави за непочитување на здравствените прописи за време на епидемија за жители на Битола и Прилеп

Сподели

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од КЗ на РМ, СВР Битола поднесе кривични пријави против пет лица, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица,сите од Прилеп.

Пријавените за време на пандемија дошле во државата од ризични држави, при што при влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.