МВР: Лажни наградни игри на социјалните мрежи-граѓаните да не наседнуваат

Сподели

 

На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните. Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош), како и нивните податоци од платежни картички а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности – соопштуваат од МВР.