“Република” објави текст за злоупотреба на полицијата – МВР демантира: лажните профили ќе бидат санкционирани

Сподели

 

Порталот Република објави текст со наслов: “Седете дома клошари, Полицајци се закануваат на граѓани ако не го почитуваат полицискиот час”. Во натамошниот текст се вели:

“Некои од припадницте на МВР наместо да се грижат за јавниот ред и мир во време кога има полициски час, се решија од позиција на моќ да упатат закани и навреди кон граѓаните на Македонија, кои плаќаат даноци за полицијата редовно да зема плата.”

Од Министерството  за внатрешни работи соопштуваат дека на инстаграм се појавила лажна група на МВР, која се претсавува во име на полицијата и објавува лажни вести.

“МВР нема профил на Инстаграм, креаторите на лажните профили ќе бидат законски санкционирани Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нема профил на социјалната мрежа Инстаграм. Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои го злоупотребуваат називот на институцијата и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законско санкционирање на креаторите на овие профили. Министерството за внатрешни работи има своја веб страница, а профили има само на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб, и тоа е јасно потенцирано на веб страната” – се наведува во соопштението на МВР.