Светска премиера на играниот филм “Врба”, на Милчо Манчевски на 29.март

Сподели

 

Светската премиера на играниот филм “Врба”, на Милчо Манчевски ќе се емитува на националниот сервис МТВ1 на 29. март, со почеток од 22. часот.

 

https://www.facebook.com/willow.themovie/videos/622913348265229/

#Седидома со Милчо

***

Cinematographe.it за „Врба“:

Величествена македонска филмска приказна се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов.

 

Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Наратив кој – благодарение на неговата необична природа и развивањето на темите – е набиен со значење и религиозен/мистичен подтекст што на „Врба“ ѝ дава вкус на одамна поминати времиња на половина пат меѓу Бергман и Тар, бајка што боли на половина пат меѓу минатото и сегашноста.

Режија што станува интимна и прецизна […] Митолошки наратив меѓу бајката и сировиот реализам, со Љубовта како единствено решение за древните проклетства.

Приказна која длабока го почитува животот и оние кои што се дел од него, силни жени и кревки мажи.

Едно од оние дела кои е невозможно да минат незабележано, еден од најинтересните филмови на Римскиот фестивал и воопшто на 2019