Димитров: Ова е историски момент кој им припаѓа на сите македонски граѓани

Сподели

 

“Пред малку, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, во Стејт Департментот беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што од тој момент, нашата земја и официјално стана триесетта членка на НАТО.

 

 

Ова е историски момент кој им припаѓа на сите македонски граѓани и на плејада визионери, војници, дипломати, државни службеници и политичари, кои макотрпно, во текот на изминатите три децении, работеа да се оствари каузата за побезбедна и попросперитетна татковина.

Членството на нашата земја во НАТО се случува во вонредни околности кога светот и човештвото се справуваат со можеби најголемиот глобален предизвик по Втората светска војна. Заради овие состојби чинот на одбележување на денешниот настан беше скромен, но тоа на ниту еден начин не го намалува историското значење на овој успех. Од денес, нашата иднина е посигурна и попредвидлива!” – изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.