ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до5 степени, а дневната темпертура ќе се движи од 9 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 17 степени.

 

 

Од вторник следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег и на некои пониски места.