ФИЛИПЧЕ: Треба да сме свесни дека ова што го правиме е голем влог во подобро здравје

Сподели

 

“Ние сме сега во една фаза во која што мерките што ги презедовме се најстроги во смисла на рестрикција на движењето, но сметаме дека ќе дадат резултати. Истовремено се спремаме за периодот кон крајот на април месец, согласно предвидувањата дека ќе се намали бројот на новозаразени, постепено животот да се врати во нормала, со целокупниот работен процес.

Сакам да упатам една јасна порака, дека нема да може така лесно да се врати животот со истиот интензитет, имајќи ги во предвид искуствата од другите земји дека секогаш постои ризик и за втор пик на  новодијагностицирани  и затоа од страна на Комисијата за заразни болести ќе дадеме насоки на Сопанските комори како работниот процес во наредниот период да го организираат постепено и организирано.

Ги повикувам граѓаните да сфатат дека сега е исклучително важно да ги почитуваат сите мерки на претпазливост. Со новите рестриктивни мерки се доближуваме до целта, а тоа е да го спречиме натамошното ширење на вирусот.

Треба сите да сме свесни дека ова што го правиме е голем влог во подобро здравје и сметам дека го амортизиравме ударот врз здравствениот систем.

Да се даде поддршка на здравствените работници и да ги следат препораките – изјави министерот за здравство Венко Филипче.