Спасовски: Во светиот месец Рамазан да се сочува здравјето и солидарноста

Сподели

 

Премиерот Оливер Спасовски по повод светиот месец Рамазан упати писмо до Исламската верска Заедница, до реисот Реџепи и до сите граѓани од муслиманска вероисповест.

“Во најблагородниот месец за муслиманите, кога преовладува духот на љубовта, трпението и дарежливоста, да се справиме со предизвиците и да ги ублажиме последиците предизвикани од коронавирусот.

По повод светиот месец Рамазан, упатив писмо до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и до членовите на Ријасетот, како и до сите верници од исламската вероисповед во Република Северна Македонија, во кое истакнав дека најсветиот месец во духовниот живот на муслиманите претставува и еден од столбовите на Исламот, кој повикува на добрина, простување и милосрдие, а преку одрекувањето и воздржувањето се покажува и највисока грижа за другите и годинава треба да се прифати дека рамазанските денови треба да се поминат во потесниот круг на семејството, и на тој начин да го заштитиме здравјето на нашите роднини, пријатели и комшии, но и нашето здравје.” – напиша премиерот Спасовски.