Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен

Сподели

 

Претседателот на Владата Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.

Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.

И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за  физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.

Во својот апел претседателот на Владата порачува дека секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала и се заблагодари за поддршката.