ДОМ: ЈСП да овозможи континуиран автобуски превоз од 5 до 19 часот

Сподели

 

Зелената партија ДОМ апелира ЈСП Скопје да овозможи континуиран автобуски превоз за граѓаните, во периодот од 5 до 19 часот, кога нема полициски час.

Граѓаните реагираат дека сегашниот возен режим на автобусите од јавниот градски превоз, во две смени од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, го отежнува завршувањето на нивните обврски. Во некои случаи чекаат и по 2-3 часа, да започне втората смена од возниот ред, за да можат да го користат јавниот превоз.

ДОМ смета дека континуираниот градски автобуски превоз ќе придонесе и за намален број патници во еден автобус, што е во согласност со мерката за одржување физичка дистанца, поради заштита од корона вирусот – се наведува во соопштението на ДОМ.