Вчерашната одлука на Уставниот суд со која отвора постапка за поништување на Уредбата за намалување на платите на 14.500 денари на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците според СДСМ е срамна и недозволива.
СДСМ најостро ја осудува оваа срамна одлука на Уставниот суд која е против солидарноста и на директна штета на борбата против коронавирусот, на директна штета на граѓаните.
Со ова, Уставниот суд спречи обезбедување на 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра во Буџетот за државата за мерки за справување со кризата со коронавирусот.
Довербата во Уставниот суд повторно е поткопана. Ја поставува неправдата како соперник во борбата против економските последици од коронавирусот.
Градоначалници, директори и функционери од СДСМ најавуваат дека ќе се откажат од целата плата за април и мај и ќе одат на минималец. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, Градоначалникот на Скопје Шилегов и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески се откажуваат од останатите средства од нето платата. Истите ќе ги уплатат во фондот за борба против коронавирусот.