На Инфективната клиника во Скопје денеска почина Драган Вучиќ

Сподели

 

На Инфективната клиника во Скопје денеска почина пејачот и ТВ-водител Драган Вучиќ (65) од компликации со коронавирусот, а претходно подолго време се соочувал со хронично заболување. Вучиќ се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, а имал проблеми со дијабетес подолго време. Веста за неговата смрт за некои медиуми ја потврди неговиот син, Мартин Вучиќ.

Драган Вучиќ е роден во 1955 година. Беше пејач, автор на популарни поп-песни, „Свирете ја Зајди, зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“. Со децении Вучиќ беше автор и водител на популарни квизови и ТВ-емисии, по што најмногу го познаваше публиката.