Грција овој викенд ќе ги отвори плажите со мерки за превенција

Сподели

 

Грчките власти донесоа одлука дека во сабота (16 мај) ќе ги отворат плажите ширум земјата. Вкупно 515 плажи кои се регулирани по сите стандарди, а останатите, т.н. диви плажи ќе бидат забранети за користење.

Грчките власти напоменуваат дека на плажите ќе се евидентира секој посетител како една од мерките за превенција од корона вирусот. Тоа ќе значи дека максималниот број на граѓани ќе биде 40 не 1000 метри квадратни. Што се однесува пак до далечината, чадорите и лежалките ќе бидат поставувани на 4 метри. Ќе се води и строга контрола на хигиента, односно секоја лежалка ќе биде темело дезинфицирана по користењето на секој посетител. Плажите ќе се отвораат од 8 часот наутро.

Патувањата на островите на Грција се ограничени.

МИА