Националниот Сојуз на глуви и наглуви на РС Македонија (НСГНРСМ) обезбеди голема количина на заштитни маски за повеќекратна употреба за глувите и наглуви лица во државата. Сите маски се со испечатено лого на НСГНРСМ, со цел маските да ги употребуваат само лицата за кои се наменети, а тоа се глувите и наглуви лица во државата. Маските се набавени со средствата од редовните дотации на Министерството за труд и социјална политика за Националниот Сојуз на глуви и наглуви.
Во тек е распределбата на заштитните маски низ осумнаесетте здруженија на глуви и наглуви кои ги има во повеќе градови во Република Северна Македонија. Првичната количина од 1.200 маски ќе се распредели на глуви и наглуви лица со пониски месечни примања на кои набавката на заштитната опрема би им преставувала дополнителна потешкотија.
За членовите на здруженијата набавени се и средства за дезинфекција на раце како и средства за дезинфекција на просториите на Здруженијата на глуви и наглуви. Националниот Сојуз на глуви и наглуви и во наредниот период во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе презема активности за заштита на здравјето на глувите и наглуви лица.